Шекеринска: Зад параванот никој не може да знае за кого гласате!

by Фокус 09:45
09:45

Заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска вчера се сретна со раѓаните од Чифлик, Црник, Пехчево, Владимирово, Македонска Каменица и од Берово им се заблагодари на довербата која му ја дадоа на кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

– Слободата нема цена, мора да ги охрабриме сите во оваа битка за слободата. Свесни сме дека народот е под голем притисок. Но, на 27-ми зад параванот никој не може да знае за како гласате. Во Македонија сиромаштијата ги убива граѓаните – рече Шекеринска.

Шекеринска им ја презентираше новата програма на СДСМ во која се опфатени и земјоделците и младите.

- Advertising -

– Земјоделците ќе бидат ослободени од персоналниот данок. Ќе се воведе поевтина зелена нафта, ќе обезбедиме навремени и сигурни субвенции, како и контрола врз откопувачите затоа што, тоа што ќе се земе ќе треба да се плати. Новата влада предводена од СДСМ ќе направи и ревизија на државното земјоделско земјиште. Во оваа програма има предвидено и стимулирање на вработувањата во места каде иселувањето е зголемено, се со цел да се задржат младите во Македонија, да немаат потреба егзистенционалното прашање да си го решаваат надвор од државата – појасни Шекеринска.

Поврзани новости