Шекеринска за Каракачанов: Тоа е само една „балканска изјава“, и неговиот премиер би се засрамил од неа

by fokus 16:50
16:50

Тоа е само една балканска изјава во негативна смисла. Ова е оценката на министерката за одбрана Радмила Шекеринска за изјавата на бугарскиот колега Красимир Каракачанов дека „евентуалната донација на вакцини од Бугарија би била наменета за нивните „сонародници“ – односно за 120 илјади бугарски државјани во земјава“.

– Јас претпоставувам дека и неговиот премиер би се засрамил од оваа изјава. Оти таа не е изјава, ниту на сојузништво, ниту на пријателство. Навистина е изјава што е само балканска, ама во онаа негативната смисла. Она што станува јасно е дека многу луѓе сакаат да печалат политички поени кои не значат ништо. Имало луѓе во Бугарија кои печалеле и пари, како што видовме од бугарските пасоши во Северна Македонија, ама во случајов ќе зборуваме за печалењето политички поени, кое сме го виделе и во минатото и кое обично не завршува сјајно. Ама ако на прашање на вакцина и на здравје некој се труди да печали вакви поени тоа повеќе зборува за него, отколку за сите други, вели Шекеринска во интервју за ТВ Клан Македонија.

- Advertisements -

Поврзани новости