718
Актуелната потпретседателка на СДСМ Радмила Шекеринска верува дека ќе има повеќе кандидати за претседател на СДСМ на претстојните внатрепартиски избори кои првпат ќе бидат со учество на целото членство.
-Се надевам дека ќе има противкандидати со што процесот ќе биде поквалитетен. Ако е само еден кандидат, тоа ќе ја намали важноста на процесот. Подобро е да имаме противкандидати, иако може нема да бидат фаворити, затоа што актуелниот претседател победи на локални избори, на парламентарни, на претседателски избори – рече Шекеринска.