676
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во вечерашниот дуел со Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ на Канал 5 рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема право за зборува за корупција.
-Вие за патишта и корупција ќе зборувате? 15 до 18 милиони евра Груевски и Јанакиевски бараа провизија само за еден автопат. Затоа и сега кога некој проект ќе биде во застој, вие одма велите ааа сигурно се бара рекет, затоа што вие така работевте. Се она што ВМРО-ДПМНЕ го правеше 11 години, сега вели дека го прави некој друг, рече Шекеринска.