Шекеринска: РЕК Битола ќе работи и ќе престане да загадува

by Fokus 15:01
15:01

Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ и носителка на кандидатска листа во ИЕ 5, од Битола рече дека црвената боја која доминира во нивната кампања е боја на љубовта која ја чуствуваат кон Македонија, црвена е нивната сила за промени во Македонија, црвена е победата и црвената ќе го врати животот во Македонија.

– Илјада и триста, велат, дека секоја година во Македонија умираат од загадување, и владата вели дека за тоа нема пари. Има пари за рајски острови, има пари за „мерцедеси“ од 600 илјади евра, ама пари за животот и за здрајвето нема. Е тоа, почитувани битолчани, сакаме да го исправиме. Јас сакам заедно со моите колеги, заедно со сите вас, пред Битола да превземеме обврска, да ја обезбедиме РЕК „Битола“ да продолжи да произведува подобро и повеќе, да продолжи да ја храни Македонија со енергија, да создава повеќе и подобри работни места ама и да престане да го труе народот кој живее околу неа – истакна Шекеринска.

- Advertisements -

Таа тврди дека таква обврска преземаат и дека тоа ќе го сработата.

– Гласајте за враќање на правдата, за казна на криминалците и за живот на оние кои се тука и на оние кои допрва ќе се вратат. Да живее Битола, да живее Македонија – рече Шекеринска.

Поврзани новости