Шекеринска: Реформите не се причина за недобивањето датум, систем не се менува за две и пол години

by Fokus

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска смета дека реформите не се причина за недобивање датум за почеток на преговори, потенцирајќи дека реформи се спроведуваат, но дека цел еден систем не се менува за период од две и пол години.

Шекеринска во интервјуто за Канал 5, кое ќе се емитува утре, на забелешката дека дека Франција, но и Холандија и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние со месеци предупедувале дека не за задоволни од владеењето на правото вели дека доколку тоа е причината зошто тој став јавно не бил кажан ниту од нивниот претставник на министерскиот состанок, ниту од претседателот Макрон.

-Франција на министерскиот состанок на ЕУ немаше никаква забелешка за реформите и тие не се причина за ставот на Макрон, вели Шекеринска и додава дека тие како власт не се задоволни од состојбата во правосудството, но за 2,5 години повеќе не постигнала ниту една држава.

-Јас би сакала ова да е држава во која и судството и обвинителството функционираат перфектно. Но, јас не сум видела тоа да се менува во две ипол години. Не сум видела, еве демантирајте ме, покажете ми „во оваа држава за две ипол години се се смени и се профунционира како што треба“. Бидејќи сум и оптимист и амбициозна, сакам да си ги подигнеме очекувањата, не сакам да се задоволуваме со малку, ама драматична е разликата за само две години. А при тоа, без интервенции во судство, без интервенции во обвинителство од партиска страна, нагласува Шекеринска.

Поврзани новости