Шекеринска: Оваа држава им припаѓа на сите подеднакво

by Fokus

Оваа држава им припаѓа на сите подеднакво, и на мажите и на жените, и на Македонците, Албанците, Бошњаците, Турците, Ромите, но најмногу на младите. Заврши времето на притисоци, уцени и закани, истакна носителката на петтата изборна единица, Радмила Шекеринска, вечерва од митингот во Скопје.

–  На 11 декември Македонија ја враќаме во рацете на граѓаните. Ќе има среќа и живот во Македонија – рече Шекеринска.

Пред граѓаните се обрати и Петре Шилегов од 6 ИЕ.

„Си го враќаме животот и си ја враќаме слободата, победуваме затоа што сите имаме исти потреби. Нема сила што може да ја победи оваа тупаница, “рече Шилегов.

Фото: А1он

Поврзани новости