Шеќеринска: Отворивме пат за избори во декември

by fokus

СДСМ верува дека договорот кој денеска конечно го постигнаа четирите политички партии, ќе отвори пат за фер и демократски избори во декември.

-На почетокот на целиот овој процес ветивме дека овој пат во Македонија прво ќе инсистираме да има обезбедени услови за фер и демократски избори, а дури потоа ќе обезбедиме договор за датум на изборите. Тоа овој Договор го обезбедува.Дополнително ветивме дека сите еднострани потези коишто ги повлече Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе мора да ги повлечат. Тоа исто така го обезбедува овој Договор – изјави Радмила Шеќеринска од СДСМ, на крајот од преговорите.

Шеќеринска додаде дека Законот за внатрешни работи, којшто беше голем проблем во преговорите ќе биде одложен до следната година.Сите останати реформи неопходни за спроведување фер избори, политичките партии ќе треба да ги потврдат на средба којашто ќе се организира на крајот на август.

орите.

Поврзани новости