Шекеринска од Дебар: Ни одржавте лекција кога некои се обидоа да го запалат национализмот во нашата држава!

by Fokus

Ќе станеме членка на ЕУ и Европа ќе ја донесме тука. Се можеме да постигнеме ако темелите ни бидат сигурни. А ќе бидат сигурни ако сигурни луѓе бидат на власт. Гласајте за сигурност, гласајте за сигурни решенија, за луѓе и партии кои ги решаваа проблемите. На 15 јули можеме и повеќе можеме и подобро, порача пред дебрани Радмила Шекеринска од вечерашната граѓанска трибина на коалицијата „Можеме“.

Шекеринска која е носител на кандидатската листа на коалицијата за ИЕ 5 додаде дека е убедена во подршката на дебрани.

Шекеринска зборуваше за поделбите кои ги нуди ДПМНЕ наспроти слогата и заедништвото кои ги нуди СДСМ.

-Ни одржавте лекција тогаш кога некои се обидоа да го запалат национализмот низ цела држава, вие покажавте мудрост, разумност и гледање напред. Ни покажавте лекција и тогаш кога најтешката светска епидемија удри по нас, бевте први на удар, се покажавте најсилни, се покажавте најеснаф, се покажавте најсолидарни. За жал, не ги научивме сите лекции, одвреме навреме треба да се потсетуваме, меѓутоа Дебар е пример колку оваа наша држава може да биде посилна ако биде посплотена, може да биде посилна ако ги прифаќа сите и ако има срце отворено за сите, рече Шекеринска.

Поврзани новости