Заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска очеува во текот на вечерашните преговори партиите да постигнат договор.
Четирите политички партии треба да дефинираат како ќе функционира преодната влада, методот на прочистување во избирачкиот список и реформите во медиумите.
Денеска власта и опозицијата кршеа копја околу мандатот за преодната влада, за која ВМРО-ДПМНЕ инсистира да биде 60 дена пред изборите, а СДСМ бара, владата да се формира 100 дена пред изборите. Ако, пак, се одржат заедно со локалните избори во 2017 година, СДСМ предлага извршното тело да функционира шест месеци пред денот на гласањето.
Проблем се и ингеренциите на министерот за внатрешни работи, откако пред само десетина дена Собранието на министерот му ги намали надлежностите за кадровските прашања. Неофицијално, социјалдемократите бараат или да се вратат старите надлежности или овие измени да почнат да важат од 1 јануари следната година, доколку изборите се одржат до крајот на оваа година.