Шекеринска: Не треба да зборуваме за чизми и униформи, ама 10-15 години се зборуваше за тој проблем и не беше решен

by fokus

Пред две години се пожаливте на лошите плати, на лошите услови за работа, за напредување, за злоупотреба за станарината…Видлив беше и слободниот пад на Буџетот на Армијата, а тоа се одразило врз примањата, условите но и на моралот. Денес можам со гордост да кажам дека направивме пресврт, докажавме дека и во одбраната и Армијата може да се инвестира повеќе и подобро, истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска на средба со војниците во касарната „Илинден“.

-Навистина ми е задоволство што, по само две години, покажавме дека платите и на цивилиниот и на воениот персонал во Армијата можат континуирано да растат. Од следниот месец секој од вас ќе добие станарина од 7.500 денари и ќе расте заедно со порастот на просечната плата, порача Шекеринска пред војниците од пистата на најголемата касарна во државава.

Министерката даде пример каде професионален војник кој е со, како што рече, од прилика најниска плата од 20.000 денари, од следниот месец вкупните приходи ќе му пораснат над 30.000 денари што е повеќе од 50 проценти. Покачување на плата ќе има и кај цивилните лица од 27 отсто.

На два дена пред ратификацијата на протоколот со НАТО во нашиот Парламент, Шекеринска на оние кои се пред пензионирање им порача да не се грижат, бидејќи, според неа, со измените на Законот секој припадник на Армијата ќе заминува во пензија со 80 проценти од своите најдобри 10 години, а во првиот момент на заминување во пензија ќе има значајна дополнителна премија.

Министерката се осврна и за потребата од нова опрема за Армијата за што потесети дека минатата година за првпат се обезбедија нови чизми за секој припадник на Армијата, а од овој месец ќе почне испораката и на униформите за сите војници.

-Се согласувам дека не треба да зборуваме за основни работи како чизми и униформи, ама 10-15 години се зборуваше за тој проблем и не беше решен. Оваа недела ќе почне испораката и на спортска опрема за припадниците на Армијата за кои бараме физички да бидат подготвени, информираше Шекеринска.

Министерката рече дека Северна Македонија ја делат денови од членството во НАТО и дека оваа заслуга е заедничка но пред се на војниците. Са следниот периот Шекеринска најави ампициозни планови како што е модернизирање на Армијата, посебно на лесната пешаддија за што се набавени 33 оклопни возила, која бројка во следните години треба да стигне до над 150. Во следниот период ќе почне и постапката за модернизација и на воздухопловните сили.

-Нашата лесна пешадија која ја лоциравме во Штип ќе биде нашиот главен НАТО фокус, а тука ќе вложиме и обука и опрема и ќе го подмладуваме составот. Целта ќе ни биде во следните години да отвормие простор за многу прфесионални војници и овицери, најави Шекеринска.

За попладнево во Собранието најавена е пленарна седница на која пратенците, меѓу другото, се очекува да се донесе законот за одбрана, а утре во 15 часот народните претставници ќе го ратификуваат протоколот за членство во НАТО.

Поврзани новости