Шекеринска: Насилниците беа платени да не убијат

by fokus

Вчера имавме обид за линчување на пратениците од луѓе кои беа платени и пратени, изјави Радмила Шекеринска во вечерашното гостување на телевизија 24.

-Имавме среќа што ова помина без жртви.Повеќе од 10 пратеници беа повредени, а највеќе Села. Во болница не можев дури да го препознаам. Најстрашното не беа повредите. Не делеше чекор до жртви. Луѓето беа дојдени да не убијат. Се дереа кои им беа таргетирани пратеници. Тоа беа 7-8 имиња. Полицијата дозволи да се шетаат маскирани луѓе по Собранието, рече Шекеринска.

 

Поврзани новости