Шекеринска: Нашиот потполковник пристигна во Скопје, состојбата му е добра, посакувам побрзо оздравување

by Fokus 08:49
08:49

Рано утрово во земјава пристигна 55-годишниот македонски војник позитивен на Ковид-19 и суспектен на јужноафриканскиот сој, објави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

-Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје. Добро го поднесе летот и сместен е на Инфективната клиника. Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ не’ информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен. Му посакувам брзо да оздрави. Благодарни сме на Инфективната клиника и на сите кои учествуваа во медицинската евакуација, напиша Шекеринска.

- Advertisements -

Заразениот војник беше транспортиран под посебни услови и протоколи и ќе биде во изолација, а целиот персонал на Клиниката за инфективни болести добил препораки строго да внимава и да се придржуваат кон протоколите за работа.

Заразениот војник заедно со уште еден војник бил во мисијата на Европската Унија за обучувачи во Централноафриканската република.

„Причината зошто се одлучивме за евакуација е фактот што во Централноафриканската република во рамки на мисијата на ЕУ функционира болница која не може да обезбеди соодветна медицинска помош доколку неговата состојба се влоши и затоа се одлучивме подобро да превенираме отколку потоа да се занимаваме со последиците, изјави вчера министерката Радмила Шекеринска.

Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје. Добро го поднесе летот и сместен…
Posted by Radmila Sekerinska on Tuesday, 11 May 2021

Поврзани новости