Шекеринска: Најлесно е да кажеме дека сите треба да одговараат, но мора да и помогнеме на Македонија да заздрави

by fokus

За селективната амнестија за 27 април како црвена линија за да поминат уставните амандмани и дали сѐ е дозволено во името на евроатлантските интеграции вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во гостувањето на 1 ТВ вели дека иако како граѓани, на пратениците им е најлесно да кажат дека секој што учествувал треба да одговара, како одговорни политичари, мора да и помогнат на Македонија да заздрави од траумата.

-Темата помирување, како да ги залечиме раните, ѝ претходеше на дебатата. Лага е дека во дебатите за амнестија во јули со ВМРО-ДПМНЕ некој од нас барал амнестија за 27 април. Новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги пушти низ вода сите што учествуваа во таа драма во Собранието. Тие единствено што бараа беше амнестија за криминалот и за злоупотребите, за предметите во СЈО и што се однесуваат на бомбите, рече Шекеринска.

Таа додава дека иако биле жртви, имале одговорност како луѓе во владата да ѝ помогнат на државата да продолжи напред кон целта, а тоа е државата да се одлепи од дното, да не ги повторува грешките, а единствена шанса за тоа е перспективата во НАТО и ЕУ.

-Бевме во ситуација да кажеме каде да ја поставиме таа линија? Јасно ни е дека кариери и политички интереси треба и мора да се жртвува за интересите на државата, но едно рековме дека нема да го жртвуваме за долгорочните интереси, а тоа е правдата, вели Шекеринска.

Поврзани новости