Шекеринска ќе добие орден „Командант за заслуги“ од Франција

by Fokus

Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска ќе биде одликувана со орден „Командант на Националниот ред за заслуги на Франција“. Високото одликување во име на Претседателот на Република Франција, на министерката Шекеринска ќе ѝ биде врачено од министерката Женевјев Дариесек, државен секретар на Вооружените сили на Франција, утревечер на прием во резиденцијата на Франција во Скопје.

Орденот „Командант на Националниот ред за заслуги на Франција“ се доделува за истакнати граѓански заслуги, а воспоставен е во 1963 година од Генералот Де Гол.

Министерката Шекеринска го добива ова признание поради нејзиниот особен придонес кон развојот на односите меѓу Македонија и Франција, како и поради нејзината посветеност на промовирањето на европските граѓански вредности во Македонија.

Поврзани новости