Шекеринска: Кандидатот за НАТО не е одбиен, туку има одредени резерви

by Фокус

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во вечерашното ги оцени како несериозни обвинувањата од опозицијата за кандидатот за воен претставник во НАТО. Таа на Сител истакна дека не станува збор за негово одбивање и, како што рече, во ниту еден момент досега не е добиен сигнал дека некој го прекршил законот или направил нешто спротивно на ингеренциите.

-Во моментот ние немаме проблем со одбивање. Воениот претставник за кој се зборува, не е одбиен, само не му е издаден сертификат. Тоа се две различни работи. Никој не вели – луѓето направиле злочин, туку велат дека во моментов се уште мислиме дека имаме одредени резерви кои може да не бидат објективни – појасни Шекеринска.

Според неа, обвинувањата на опозицијата се несериозни за многу сериозна работа.

-Да сум пола од несериозните луѓе во ВМРО-ДПМНЕ денеска би требало да излезам и да кажам дека одговорност треба да понесе ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи за сите случаи за кои јас знам тие издале сертификат претходно. Со потписи на нивни луѓе биле издадени такви сертификати. Ако некој треба да зборува за погрешна проценка, адресата би требало да биде на ВМРО-ДПМНЕ – рече Шекеринска.

Поврзани новости