Шекеринска: И да не влеземе во НАТО мора да продолжиме со домашните реформи

by fokus 19:54
19:54

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во вечерашното гостување на телевизија Телма не сакаше да зборува за план Б доколку Македонија годинава не  биде примена во НАТО, но рече дека во секој случај мора да се продолжи со реформите.

-Мислам дека фокусот мора да биде на нашата стретешка цел. Денес Македонија нема покана за НАТО и Македонија си ја гарантира сопствената безбедност. Она што нам ни останува како опција е фокусот којшто сега го имаме на домашни реформи да не го изгубиме и во случај да влеземе во НАТО и во случај тоа да не се случи. Кризата во 2015 не ни се случи дека не бевме во НАТО и ЕУ, туку поради лошата внатрешна состојба, вели Шекеринска.

- Advertisements -

Поврзани новости