Шекеринска го пречека Столтенберг, па Заев го однесе на вечера

by fokus

Генералниот секретар на НАТО, Јанс Столтенберг вечерва пристигна во Скопје, а на аеродром го пречека министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Потоа, Столтенберг отиде во ресторан на неформална вечера со премиерот Зоран Заев.

-Генералниот секретар на NATO, Jens Stoltenberg вечерва пристигна во Скопје. Ова е прва посета на Столтенберг во Република Македонија, која покажува дека НАТО е присутен на Балканот и стратешки заинтересиран за Република Македонија. Реформските заложби на оваа Влада ја отсликуваат јасната ориентација на нашата земја за членство во НАТО и ЕУ, напиша премиерот Заев на својата фејсбук страница.

Поврзани новости