Шекеринска: Членството во НАТО ни е на дофат, се вртиме кон преговори со ЕУ

by Фокус

Погледот од врвот на Галичица кон двете езера симболички кажува дека тој ни е насочен кон двете стратегиски цели – кон членството во ЕУ и кон членството во НАТО, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која денеска ја предводеше планинарската тура „Две езера – две стратешки цели – ЕУ и НАТО“, по повод Денот на независноста.

– Пред две години, кога прв пат Министерството за одбрана организираше ваков марш во Крушево, целта ни беше да порачаме дека доколку знаеш која е заедничката цел, ако знаеш како да се организираш, ако си доволно трпелив и упорен без откажување од патот, дури и високите врвови не се недостижни. Пред две години, членството во НАТО навистина изгледаше недостижно, но еве една од нашите главни стратешки цели е на дофат, не делат практично неколку недели, месеци. Со истата сила, истата енергија, упорност и знаење сега се свртуваме кон другата цел, почеток на преговори во ЕУ – рече Шекеринска.

Инаку, дел од празничната планинарска тура беа припадници на Армијата, градоначалниците на Охрид и Ресен, странски амбасадори во земјата, планинари, граѓани…

Поврзани новости