Шеќеринска: Со доказите сакаме да го испратиме во историјата злосторничкото здружение на власт!

by Фокус

Во наши раце ги имаме документите кои ќе ги срушат сите сомнежи и дилеми за македонската власт, порача од синоќешната партиска трибина на СДСМ во Куманово, заменик-претседателката Радмила Шеќеринска.

– Во двата месеца после изборите се концентиравме на на една цел – да покажеме како се крадат изборите, како се крадат парите од буџетот, како се злоупотребуваат институциите, медиумите… Тие докази ги имаме и со нив сакаме да ја испратиме оваа власт во историјата. Тоа ќе го сториме со стратешки пристап, покажувајќи какво злосторничко здружување понудила владата на Никола Груевски – рече Шеќеринска.

Таа истакна дека во ситуација кога има обид од медиумите да ги прикиријат информациите, секој граѓанин да ја шири вистината за нив.

Поврзани новости