Шеикот Ал Тани ќе инвестира во земјава: Катарски лукзуни хотели ќе никнат во Охрид

by Fokus

Шеикот Јасим Бин Хамад Ал Тани од Катар вчера се сретнал со охридскиот градоначалник Јован Стојаноски, а причина за нивната средба била заинтересираноста на Ал Тани да инвестира во туризмот во Охрид.

,,Денеска во посета на општина Охрид беше Шеикот Јасим Бин Хамад Ал Тани од Катар кој е заинтересиран за инвестирање во туризмот во Охрид. На средбата на која присуствуваа и претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, беа презентирани повеќе слободни локации за изградба на хотели во охридското подрачје. По презентацијата на можностите за инвестирање, високиот гостин од Катар посети неколку од предложените локации и најави дека за скоро време ќе не извести за неговите конкретни намери за инвестирање’’ – соопштија од кабинетот на Стојаноски.

Охриѓани се радуваат од можните инвестиции на шеикот во нивниот град и се надеваат дека ќе им донесе позитивни промени, но и идеи за напредок на туризмот, со оглед на тоа што Катар е една од најпосетуваните туристички дестинации, но и земја во која многу Македонци заминале на печалба, поради високиот животен стандард. Околу 4.500 претежно млади лица од земјава, моментално живеат и работат таму.

Арапската земја во август годинава ги укина визите за македонците, и на граѓаните на Македонија им е потребен само пасош за влез. Тие имаат право на престој од 30 дена, и право на продолжување на престојот. Исто така, укинати се визите и за уште 79 други земји, со цел да се подобри туризмот и авиосообраќајот.

В.К.

Поврзани новости