Шехтански бара јавно пребројување на сите гласачки ливчиња во Скопје и Кавадарци

by fokus

ТМРО со приговорите до ДИК има кратко и јасно барање- броење на гласачките ливчиња, кутија по кутија на сите 675 избирачки места во Скопје, а особено Аеродром, како и во Општина Кавадарци, велат од партијата на Ванчо Шехтански

„Зачудува тоа што ВМРО- ДПМНЕ во ниту еден од приговорите до ДИК не бара јавно броење на ливчињата од избирачките кутии??? Освен на избирачките места, каде е правен записник за бројот на гласови, но само во еден примерок а не и во вториот кој треба да стои во пломбираната кутија по броењето, друг записник нема, ниту пак се броени ливчињата во Општинските комисии, тука истите се електронски препраќани до ДИК “, велат од партијата.

Од таму додаваат дека се сомневаат во изборен инженеринг.

„Секаков друг епилог, освен јавно броење,значи изборна кражба и ние вакви резултати нема да признаеме“, посочуваат од ТМРО.

 

Поврзани новости