Шефот на дипломатијата Никола Димитров во посета на Грција

by Fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска во Атина ќе има средба со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас.

По средбата, ќе следува состанок во проширен состав, по што двајцата министри ќе одржат прес-конференција.

Министерот Димитров попладне ќе се сретне и со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, а потоа и со Јоргос Кумуцакос кој е одговорен за надворешна политика во најголемата опозициска партија Нова демократија.

Поврзани новости