Шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати во посета на Македонија

by fokus

Министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Дитмир Бушати денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија во рамки на која ќе се сретне со неговиот домаќин шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. Бушати ќе има средби и со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери и  со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Како што соопшти МНР, на средбата на шефот на македонската дипломатија Димитров со Бушати се очекува да стане збор за прашања значајни за билатералните односи меѓу двете земји, како и за перспективите на натамошната соработка во области од заеднички интерес, вклучително економијата, трговската размена и интерконективноста.

Соговорниците ќе разменат мислења и за состојбите во регионот и перспективите на негово интегрирање во европските и евро-атлантските структури, по што е предвидена заедничка прес-конференција на Димитров и Бушати.

Како што најавија од СЕП, изјави за медиуми се предвидени и по средбата на вицепремиерот Османи со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Бушати.

Поврзани новости