Денеска се навршуваат 60 години од раѓањето на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски.
По тој повод на гробот на претседателот во Алејата на великаните на градските гробишта Бутел во Скопје ќе биде положено цвеќе.
Од Алејата на великаните ќе полетаат шеесет гулаби, кои над македонското небо ќе ја понеса пораката за мир, за кој секогаш се залагаше претседателот Борис Трајковски.