Шарените револуционери со специјален поздрав за Јелена Жугиќ

by Фокус 18:25
18:25

Денешната рута на протестот на „Протестирам“ е Театар Комедија, па Собранието. Шарените револуционери во моментов се пред Театар Комедија „инспирирани“ од постот на директорката Јелена Жугиќ во кој повика кон демонстрантите да се пука со гумени куршуми.

Пред Театарот демонстрантите имаа перформанс со кој упатија специјален поздрав кон Јелена Жугиќ, а на улицата со огромни букви напишаа „Куршумите живот значат, даско една“. Откако го напишаа графитот, врз буквите фрлија балони со боја.

- Advertisements -

ttt

 

tt

ttttt