Шарените балони сепак го најдоа патот до Министерството за финансии

by fokus 21:03
21:03

Преку подземни гаражи и влезови, дел од демонстрантите успеаја да ја пробијат полициската блокада и да се приближат до министерството за финансии.

Зад него, меѓу две згради, тие го поставија катапултот на Шарената револуција и во момементов ја фарбаат неговата фасада.

„Многу ни е добар чаталот!” скандираат демонстрантите, среќни што и покрај целосната блокада на сите приоди кон министерството, сепак нивните балони со боја завршија во целта.

13672302_10209939958472442_1523345197_n

13646740_1002331823217246_728247153_o

Поврзани новости