Шарената револуција најави нов протест утре од 18 часот

by Фокус 11:33
11:33

Демонстрантите на Шарената револуција најавија нов протест утре, во 18 часот, кој традиционално ќе започне пред Специјалното јавно обвинителство.

„Поминаа три дена откако Ѓорге Иванов целосно ја повлече аболицијата и откако прецизно ги испорачавме нашите црвени линии и рокови. Власта молчи, Уставниот суд молчи, институциите на прогонот молчат. Време е за нов крик, време е да ги потсетиме дека до 18 јуни Уставниот суд мора да се произнесе за уставноста на СЈО за да сме сигурни дека правдата ќе биде заштитена. Да им кажеме дека мора да бидат ослободени сите приведени демонстранти и да бидат повлечени сите пријави од МВР кон нашите соброки и соборци“, стои во повикот.

- Advertising -

Демонстрантите уште бараат оставка од актуелната влада на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ и формирање на преодна влада која докрај ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори, формирање на специјално одделение во кривичниот суд надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, оставка на Иванов.

Поврзани новости