Шарената револуција испиша цитат на Младенов пред Владата

by fokus 19:52
19:52

Демонстрантите од Шарената револуција на денешниот протест на улицата пред Владата со огромни букви испишаа цитат од една од најпознатите колумни на основачот на Фокус, Никола Младенов.

Графитот кој сега го краси булеварот пред владината зграда гласи: Колку чини слободата? Ние сакаме општество на слободни луѓе, тие сакаат збирштина од безрбетници и тука нема компромис. Ова се зборови на Никола Младенов напишани во колумната со наслов „Колку чини слободата“, која беше објавена во првиот број на дневното издание на Фокус. По неговата смрт дневниот весник згасна, но продолжи да се издава неделникот.

- Advertising -

13296286_10209905205931955_248885983_n

Поврзани новости