Шарена револуција: Власта ги злоупотребува возилата за Брза Помош за да криера лажна слика

by Fokus

Шарените револуционери информираат за злоупотребата и нечовечките методи кои ги користи власта да ја креира лажна слика за шарената револуција. Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:

Предмалку, на блокадите на мостот Гоце Делчев, во исто време дојдоа две возила на брзата помош кои беа празни, што се гледа од фотографиите во прилог. Возачите уште при првиот застој излегоа да се расправаат со демонстрантите, иако тие уредно им направија место веднаш да поминат.

Целата оваа ситуација е документирана преку фотографиите на кои се гледа дека возилата се празни и дека не превезуваат пациенти. Во моментот кога оваа режирана сцена се случуваше, се појавија и камерите на провладините медиуми кои „случајно“ го снимија овој настан и веднаш потоа заминаа.

Ова е очигледна и перфидна манипулација преку злоупотреба на јавното здравство и возилата на брзата помош. Во услови кога пациенти чекаат со часови на брза помош, власта ги злоупотребува возилата за политички местенки.

Веќе бевме сведоци на провокациите на минатата блокада, но овој пат дрскоста отиде предалеку. Ги повикуваме нашите поддржувачи на смиреност, а граѓаните на будност во однос на ваквите лажни свенарија кои ги подготвува власта. Горенапишаното е вистината за денешната ситуација, ги замолуваме медиумите да ја пренесат како граѓаните не би биле манипулирани.

Foto Blokada Brza pomos Vednas propustena - 2

Foto Blokada Brza pomos Manipulacija - 3

Поврзани новости