Шарена револуција: Одбегнете ги провокаторите, агресијата е јазикот на власта!

by fokus

По инцидентот кај Соборен храм, кога едно лице со вербални закани и пцовки се обиде и делумно успеа да испровоцира помал инцидент за време на блокадата на улицата, со сооштение реагираа од Шарената револуција.

-Нема да дозволиме изолирани случаеви да го оцрнат нашиот крик за слобода. Шарена револуција од ден во ден обединуваат се повеќе граѓани. Патот кон слободата е напорен и тежок. Иако е тешко во време на лудило да се остане со мирно срце, ве повикуваме да им одолеете на провокациите и да ги изолирате провокаторите. Тоа не прави нас различни од насилниците на власт. – пишува на Фесбук статусот на Шарената ревоуција.

Од таму порачаа дека оружјето на демонстрантите е  храброста, аргументите и слободната мисла, а секоја форма на агресија ќе биде осудена, бидејќи како што велат тоа е јазикот на власта.

Поврзани новости