Шапуриќ за Фокус: Нерегистрираните откупувачи, нелојална конкуренција за земјоделците

by Fokus

Разговор со Зоран Шапуриќ, директор на државниот земјоделски инспекторат

Сите запленетите земјоделски производи од страна на Државниот инспекторат за земјоделство се предаваат на Агенцијата за управување со одземен имот која понатаму постапува со нив. Во конкретниот случај бидејќи станува збор за лесно расиплива стока потребна е брза реакција и од страна на инспекторатот и од страна на Агенцијата кои ги распределуваат во институции или организации на кои им е потребна таков вид на стока, вели Шапуриќ.

Фокус: Како се спроведува контрола на нерегистрирани откупувачи?

Шапуриќ: Контролата на откупот на земјоделски производи е редовна надлежност на Државниот инспекторат за земјоделство. Се разбира, во зависност од сезоната на бербата и откупот за разни видови земјоделски култури се вршат во зависност од состојбата на теренот  и вонредни инспекциски надзори односно контроли. Така да во изминатиот период заврши откупот на грозје, сливата и пиперката. Кај пиперката, посебен интерес предизвикува сортата ,, куртовска капија, која е најбаран вид на пиперка за преработка.

Фокус: Со кои институции беше спроведена контролата и накој начин?

Шапуриќ: Последната вонредна контрола во Прилепскиот регион која резултираше со запленување на над 9.000 килограми пиперки од типот куртовска капија беше спроведена од повеќе тимови на Државниот инспекторат за земјоделство во соработка со Министерството за внатрешни работи, СВР Битола- Полициска станица Прилеп. Асистенцијата на МВР во вакви активности е неопхдна бидејќи само на тој начин може да се врши претрес во возила на нерегистрираните откупувачи. Јас сум задоволен од делување на инспекторите и од поддршката на полицијата во спроведување на означената активност. Нерегистрираните откупувачи главно откупот го реализираат во доцните попладневни часови или во ноќните часови: нерегистрираните откупувачи претставуваат нелојална конкуренција на регистрираните  откупувачи кои ги плаќаат давачките кон државата и који имаат вработени за који плаќаат придонсеи за пензиско, здравствено, социјално и др.придонеси.

Фокус: Кога ќе се запленат 9 илјади килограми пиперки што потоа со нив?

Шапуриќ: Сите запленетите земјоделски производи од страна на Државниот инспекторат за земјоделство се предаваат на Агенцијата за управување со одземен имот која понатаму постапува со нив. Во конкретниот случај бидејќи станува збор за лесно расиплива стока потребна е брза реакција и од страна на инспекторатот и од страна на Агенцијата кои ги распределуваат во институции или организации на кои им е потребна таков вид на стока.

Фокус: Колку изнесуваат глобите согласно законските прописи?

Шапуриќ: Глобите  зависат  од секој случај поединечно и од видот на земјодеделски производ и се определуваат согласно Законот за прекршоци, како генерален закон( lexgeneralis)  и бројни посебни закони во областа на земјоделството( (lexspeicialis). Во конкрентниот случај покрај одземената стока се изрекува глоба од 800 евра, а доколку оваа глоба се плати во рок од осум дена, глобата се намалува. Ваквите активности се мал, но значаен чекор во сузбивање на сивата економија.

Фокус: Дали ќе се преземаат акции во други градови?

Шапуриќ: Па како што реков во зависност од сезоната на бербата и откупот на видот на земјоделски производ се преземаат редовни и вонредни активности.Состојбите се следат постојано, во моментот е актуелна бербата и откупот на јаболкото и засега нема појави на откуп од нерегистрирани откупувачи. Се разбира при откупот постојано се следи и бонитетот на регистрираните откупувачи и дали постојано ги испонуваат условите, како и цената и категориите, односно класите на земјоделските производи, дали откупот се врши по цена која ја објавуваат самите откупувачи, при што постапката за откупот и начинот на одредување на цената, која за разни видови производи се одредува во низа посебни закони и бројни подзаконски акти.

С.Т.

Поврзани новости