Шампионот Стаменковски со ново злато: Немам каде да ги соберам медалите!

by fokus

Шампионот Бошко Стаменковски и донесе ново злато на земјава, на отвореното првенство на Црна Гора кое се одржа во градот Колашин. Тој освои нов златен медал во бенч-прес за натпреварувачи до 75 килограми, за подигање тежина од 135 килограми.

-Отвореното првенство на Црна Гора се одржува по шести пат, а јас бев единствениот македонски претставник на натпреварот во Колашин. Се работи за пауер-лифтинг натпревар според ,,ГПЦ” правилата. Категоријата во која настапив е за ветерани, имав релативно најдобар мастер и со подигнати 135 килограми за натпреварувачи до 75 килограми, освоив злато во дисциплината бенч-прес – вели Стаменковски.

На шега, тој додава дека нема каде да ги собере освоените медали, бидејќи од секој натпревар се враќа со високи пласмани и има освоено десетици пехари, медали, дипломи и признанија. Скромниот каменичанец е неколкукратен европски и светски шампион во бенч – прес.

На 13-ти и 14-ти април годинава ќе учествува на Балканското првенство во пауер-лифтинг и бенч-прес во Бијелина, соседна Србија. Спонзор му е рудникот Саса од Македонска Каменица.

Вики Клинчарова

Поврзани новости