Шаленберг: Бугарија е изолирана во ЕУ

by fokus

Министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, во интервју за “360 степени”, вели дека на последните состаноци на ЕУ имало „растечка фрустрација од фактот дека не може да се напредува кон отворање на преговори со Албанија и со Северна Македонија”.

-Апсолутно сте во право дека имаше време кога постоеше чувство на замореност од проширување, одредени престолнини се двоумеа, но верувам дека плимата се менува. Мојот поглед е, а имам чувство дека тоа го прават се повеќе членки, дека во политиката нема вакуум и ако ние Европејците, како ЕУ, а има голема разлика, го свртиме грбот, тогаш други ќе влетаат – дали Кина, дали Русија или Турција. А ова е европски регион, тоа не е наш интерес и оттука, во геополитичка смисла, станува збор за тоа дали нашиот начин на живот или начинот на живот на некој друг ќе се наметне тука. Верувам дека ова е размислување за кое има се поголем интерес во ЕУ и на последните состаноци на ЕУ, во Советот, имаше растечка фрустрација од фактот дека не може да се напредува кон отворање на преговори со Албанија и со Северна Македонија зашто, искрено кажано, вие направивте се што требаше и тоа го заслужувате. Би рекол дека Бугарија е изолирана во овие разговори, вели Шаленберг.

Поврзани новости