Шахпаска: Здравство, полиција ќе работат во недела, се разговара за кои други сектори недела ќе биде работен ден

by fokus 12:10
12:10

Откако министерствата ќе го разгледаат, нацрт-законот за неработна недела ќе биде објавен на ЕНЕР за да се слушне реакцијата од јавноста, соопшти министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

-Законот за прогласување на недела како неработен ден е измена на Законот за работни односи, во членот 134, каде дефинираме дека недела е неработен ден, ако со друг закон или колективен договор не е поинаку решено. Тоа е главната измена во Законот за работни однос“, рече Шахпаска.

- Advertisements -

Здравство, полиција, противпожарните и комуналните служби се единствените кои министерката ги наведе како витално важни дејности, кои и понатаму ќе работат во недела.

-Имавме меѓусекторски и меѓуресорски консултации меѓу сите министерства за да се утврди кои сектори ќе бидат изземени од овој закон. Ние го драфтиравме законот, го испративме до сите министерства и очекуваме нивен одговор за дополнувања и сугестии, рече Шахпаска.

Таа вели дека Министерството за труд и социјална политика има најголем буџет, во однос на другите министерства, а најави и дека Буџетот за наредната година е проектиран во насока за надминување на последиците од корона-кризата.

Поврзани новости