Шахпаска: Со отворање на градинките се изгуби смислата родителите да останат дома

by Фокус
Со создавањето на услови за сместување на децата во претшколски установи – градинки и дневни центри за ран детски развој, создадовме простор од две недели за враќање на сите родители на своите работни места, односно со отворањето на градинките се изгуби смислата зошто родителите би останале дома, изјави  министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на Телма.

-Владината одлука во вонредната состојба за затворање на градинките доведе до ситуација мајките, родителите да останат на продолжено породилно боледување да се грижат за децата. И оттука стоиме на ставот дека со отворање на градинките ова одлука престанува да важи – истакна Шахпаска.

Таа наведе дека согласно Протоколот што беше донесен уште на 29 мај, многу јасно се прецизирани критериумите и условите за згрижување на деца во услови на пандемија со Ковид-19.

-На дневно ниво ги контактираме сите градинки, 311 објекти во државата. Нашите информации како министерство не произлегуваат од ФБ групи, ова се базирани на докази, на дневни извештаи, секој ден ја анализираме состојбата како е. Јас одговорно тврдам, ова е состојбата, значи пишани се децата, а не посетуваат градинка, и оттука нашиот апел до сите родители кои што го чуваат местото, а не го праќаат детето во градинка, значи имаат алтернатива кој да се грижи за тоа дете, да и го отстапат на родителите на кои што им е неопходно – апелираше Шахпаска.

Поврзани новости