Шахпаска: Родителите кои користат породилно боледување да се вратат на работа

by Fokus

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска повторно упати порака и потсетување до родителите кои користат продолжено породилно боледување и до родителите на децата до шест години, дека треба да се вратат на работа.

По консултација со Претседателот на Владата Зоран Заев и министерот за здравство др. Венко Филипче ги информираме…

Publiée par Јагода Шахпаска sur Dimanche 27 septembre 2020

– По консултација со Претседателот на Владата Зоран Заев и министерот за здравство др. Венко Филипче ги информираме родителите кои користат продолжено породилно боледување да се вратат на работа согласно владината одлука донесена на 14 септември оваа година, родителите на децата до шест години да се вратат на работа од 23 септември. Еден месец продолжување на породилното боледување не менува ништо. Како Влада, но и како Министерство, создадовме услови за безбедно сместување на децата во градинките согласно здравствените протоколи. Со нивно почитување ризикот за инфекција со Ковид 19 е сведена на минимум, пишува Шахпаска на нејзиниот Фејсбук профил.

 

Поврзани новости