Шахпаска: Полициски инспектор им светеше на вмровци за да можат да напишат кај мене на фасада дека сум предавник

by fokus

Пратеничката на СДСМ, Јагода Шахпаска, во одбрана на министерот за внарешни работи, Оливер Спасовски, на денешната седница за интерпелација, наброја по што ќе остане запаметена преходната власт. МВР под палката на ВМРО-ДПМНЕ, рече Шахпаска, ги носеше гласачите од Пустец на избори, беше познато по монтирани случаи, два пати го апсеше Љубе Бошковски, за да го снимат медиуми кои задоцниле на првото апсење.

Како што рече таа, партизираноста на МВР во тоа време ја доживеала на своја кожа.

-Полициски инспектор со мобилен телефон им осветлуваше на активисти од ВМРО-ДПМНЕ во почетокот на 2017 година, за да пишуваат на мојата фасада дека сум предавник. Тоа беше период кога режимот не сакаше да ја напушти власта и се кршеа елементарни човекови права – рече Шахпаска.

Поврзани новости