Шахпаска: Хоспитализиран е само еден воспитувач, состојбата во градинките е под контрола

by fokus

Во Министерството за труд и социјална политика деноноќно се следи здравствената состојба како на дечињата, така и на вработените во градинките, изјави министерката за труд и социјална работа Јагода Шахпаска во одговорот на новинарско прашање за актуелната состојба со пандемијата и работењето на градинките.

Таа тврди дека засега состојбата е под контрола и дека се почитуваат протоколите што дава сигурност и обезбедува безбедна средина за децата.

–  Како што се појавуваа позитивни случаи, така според насоките од епидемиолозите се отстранува од работата тие вработени. Се работи пред сè за персонал кој е вработен во градинките. Имавме и случаи кога неколку дечиња кои заради контакти или од дома, биле позитивни. Будно ја следиме нивната здравствена состојба и на сиот персонал кој бил на некој начин во контакт. Значи засега само еден воспитувач е хоспитализиран, со оглед на тоа што имал и други хронични состојби, рече Шахпаска.

Во врска со барањата за продолжување на породилното боледување на мајките, таа нагласи дека во Владата се правени анализи и врз основа на нив е донесен заклучок дека мајките кои се на продолжено породилно боледување потребно е да се вратат на своите работни места.

Поврзани новости