Шахпаска: Добро поминавме во градинките

by fokus

Ќе го почитуваме мислењето на здравствените власти дали градинките ќе почнат да работат со полн капацитет од септември, рече вечерва министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

-Со систематски пристап, редовни надзори и почитување на протоколите од страна на вработените и родителите, имаме заокружување на успешен период. Добро поминавме, добри беа показателите, добро беше присуството на деца во градинките – изјави Шахпаска на Сител.

Таа додаде дека, согласно протоколите, се уште има слободни места за одење на децата во градинките.

-Јас сум оптимист, нема причина тоа да не биде така, имајќи го предвид фактот дека најголем дел од вработените во градинките веќе се комплетно вакцинирани, со двете дози – истакна Шахпаска.

Поврзани новости