Шабани: Гласањето ќе трае до 21 часот, до 9 часот излезноста е 5,19 отсто

by Fokus
Државната изборна комисија (ДИК) во моментов ја одржува својата прва прес-конференција наменета за предвремените парламентарни избори во нашата држава кои се одржуваат денеска.

Со право на глас во Избирачкиот список се заведени 1.814.263 граѓани, изминатите два дена се спроведоа гласање на посебни категории на граѓани. Вкупно 723 граѓани го оствариле своето право на глас ккао гласачи позитивни на ковид-19 или во самоизолација- рече портпаролот на ДИК Адмир Шабани.

На гласачите места во 13 казнено поправни установи каде што 1657 гласачи може да го остварат правото за глас, вкупно гласале 1272 гласачи, односно 76, 76 отсто.

Ниту еден гласач не излегол на гласање во единственито центар за раселени лица када што 6 лица имаа право за гласање.

Од вкупно 8852 гласачи кои се пријавиле како болни и немоќни лица гласале вкупно 8325 гласачи, односно 94,04 отсто.

Во 17 установи за вонсемејна грижа каде што 350 гласачи може да го остварат своето право за глас вкупно гласале 234 гласачи, односно 80, 62 отсто.

-Сите гласачки места се одворени во 7 часот, гласањето тече непрекинато, гласањето ќе трае до 21 часот, одзивот до 9 часот вкупно гласале 94167 гласачи, односно 5, 19 отсто- рече Шабани.

Поврзани новости