Шабан Трстена: Ако не го направите Марко европски и светски херој, ќе ви ја „скршам кичмата“!

by fokus

Од вчера градот Охрид си има нов херот. 12 – годишниот Марко Пејчиноски кој за околу девет часа успеа да го преплива целото Охридско Езеро. Пофалби пристугнуваат од сите страни, а свој коментар даде и олимпиското злато од Македонија, Шабан Трстена.

Како што ни изјави, тој деновиве ќе оди во Охрид, да го посети Марко и да му додели неколку совети.

„Значи, никој не треба да ја уверува јавноста дека младото момче е талент. Епа стручњаци, имате пет до седум години детево да го направите европски и светски херој, ако не успеете во тоа, јас, како олимписки шампион, ако Господ ме поживее до тогаш, кога треба да наполнам 63 години, немој да ми излезете пред очи, оти ќе ви ја „скршам кичмата“. Бидете конкретни и зафатете со работа, односно помогнете му да ја изоди шампионската патека“, рече Трстена.


53-годишниот Трстена деновиве ќе оди во Охрид, со еден „грст“ совети за Марко, со цел да биде уште поуспешен.

„Јас ќе одам во Охрид, да го видам тоа момче, тој херој. Ќе разговарам и со неговиот татко, ќе му доделам неколку совети. Но, мора и Марко да разбере. Не смее славата да му удри во главата. Тој веќе од вчера, треба макотрпно да работи. Ако сака да стане нешто во животот, мора многу да работи. Затоа што ако во наредните пет-шест години не работи, тогаш кога?“, ни изјави Трстена.

Поврзани новости