Северна Кореја соопшти дека ќе ги прекине нуклеарните и ракетните тестови

by fokus

Северна Кореја соопшти дека ги прекинала тестовите на балистичките ракети со долг домет и планира да ги затвори полигоните за тестирање на нуклеарни бомби.

Севернокорејските медиуми јавија дека прекинот на тестовите започнува во сабота.

Северна Кореја одлучила да направи ваков потег со цел одржување на „националниот фокус” и да ја подобри економијата.

Најавата за прекин на нуклеарните и ракетните тестови се случува неколку дена пред севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун да се сретне со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин, во пограничното село,
со цел да се обидат да стават крај на конфликтот меѓу двете Кореи.

Одлуката на Северна Кореја беше донесена на пленарна седница на Централниот комитет на владејачката Работничка партија, која дискутираше за „нова ера“ во политиката.

Поврзани новости