Северна Кореја со предупредување до САД: Ќе одговориме со нуклеарни напади

by fokus

Северна Кореја денска упати порака дека тие се подготвени да одговорат со нуклеарни напади доколку САД преземат некаква провокативна акција во подрачјето на Корејскиот Полуостров.

Спремни сме да одговориме со сите можни средства. На нуклеарните напади сме подготвени да одговориме со нуклеарни напади, истакна Цои Рион-хе, заменик претседател на Корејската работничка партија.

Овие пораки беа упатени после одбележувањето на 105-годишнината од раѓањето на основачот на севернокорејската нација Ким Ил-сунг.

Војници и бројни тенкови парадираа денеска во Пјонгјанг и демонстрираа воена сила, а на парадата беа презентирани и нов вид на балистички ракети со дострел од илјада километри, кои се лансираат од подморница.

Поврзани новости