Северна Кореја се обидела од Фајзер да ја украде технологијата за вакцината

by Fokus

Северна Кореја се обидела да добие податоци за технологијата на вакцината против Ковид-19 со хакерски напад врз американската компанија Фајзер, јави новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на јужнокорејската национална разузнавачка служба (НИС).

НИС ја соопштила оваа информација за време на затворено заседание на Комисијата за специјални служби про јужнокорејскиот Парламент.

Алијансата за вакцини Гави претходно овој месец соопшти дека Северна Кореја побарала вакцини против Ковид-19, и се очекува да добие најмалку две милиони дози.

„Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори запознати со ова прашање, во декември објави дека севернокорејски хакери нападнале најмалку шест фармацевтски компании кои работеле на вакцина против Ковид-19 во САД, Велика Британија и Јужна Кореја.

Поврзани новости