Северна Кореја лансираше две нови балистички ракети: Тоа е праведна одмзада

by fokus

Северна Кореја лансираше две нови балистички ракети, а тоа е направена шести пат за помалку од две седмици.

Пјонгјанг соопшти дека станува збор за “праведна одмазда” поради воените вежби на Вашингтон и Сеул во регионот.

Јужнокорејската војска соопшти дека две ракети со краток домет биле лансирани од околината на Пјонгјанг кон Јапонското море.

Јапонската крајбрежна стража го потврдила лансирањето.

Ова шесто лансирање за помалку од две недели “е апсолутно неприфатливо”, рекол јапонскиот премиер Фумио Кашида.

Станува збор за “праведна одмазда на Корејската народна армија против заедничките воени маневри на Јужна Кореја и САД кои водат до ескалација на воените тензии на Корејскиот полуостров”, соопштиле севернокорејските власти.

Поврзани новости