Северина ќе му пее на Орце Камчев?

by fokus

Познатата хрватска поп пејачка Северина ќе му пее на најбогатиот македонец според листата на „Форбс“ Орце Камчев, во сабота во Скопје, се чаршиските муабети кои што се актуелни деновиве.

Како што информираа дури и одредени медиуми, контоверзната пејачка ќе ги забавува гостите за време на роденденска прослава на „Систина“, чиј што сопственик е Камчев, во летниот диско клуб „Привилиџ“.

Освен настапот во Скопје, таа имала веќе договорен уште еден настап во земјава, овој петок, исто така на приватна забава во успешна штипска винарија.

Сепак, ниту од винаријата, ниту пак од летниот клуб сакаат да ја коментираат веста за гостувањето на Северина. И едните и другите, ниту потврдуваат, ниту пак демантираат.

„Повеќе детали ќе имаме за два- три дена, засега уште ништо не знаеме“ – ни изјавија од „Привилиџ“.

Инаку, хрватската пејачка која што е присутна на естрадата над дваесет години, а се најде во центарот на вниманието во 2004 година кога во јавноста се појави нејзината приватна снимка со сексуална содржина, веќе има гостувано во земјава неколкупати. Пред три години,пред настапот во Струмица заврши во болница, бидејќи и влегол прав во окото.

Неофицијално, за настап од околу два часа, нејзините хонорари се бројат со суми во илјадници, па и десетици илјади евра.

Поврзани новости