Северина ќе ги забавува штипјани за „Пастрмајлијада“ оваа година

by fokus 21:21
21:21

Хрватскaта пејачка Северина, ќе биде главното музичко име на традиционалната штипска „Пастрамајлијада“ која ќе се одржи на  21, 22 и 23 септември.

Исто така, на манифестацијата ќе настапат Влатко Стефановски, групата „Ван Гог“, Северина, „Амадеус бенд“ и уште неколку македонски пејачи, рече Кирил Панајотов од Општина Штип на денешната на прес-конференција . .

- Advertisements -

„Во петок од 21 часот кога ќе биде пресечена џиновската пастрамајлија, музичкиот програмски дел го отвора Кристина Арнаудова-Петровски. По неа настапуваат Влатко Стефановски и Дани Димитровска, а на крајот, околу 23 часот, е белградската група Ван Гог. Втората вечер, во сабота, се отвора со двајца штипјани Зоран Илиев и Јоце Панов, а по нив настапува хрватската ѕвезда Северина. На 23 ти во недела вечерта ја отвора ‘Либеро бенд’. Следуваат настапи на Мирза Селимовиќ и Амаедус бенд, како завршна програмска група“, рече Панајотов.

Поврзани новости