Сервер: Албанските гласачи се еден од факторите за вториот круг

by fokus

Во врска со речиси израмнетиот број на добиени гласови на гласањето во неделата на главните претседателски кандидати, Стево Пендаровски поддржан од владејачката СДСМ и Гордана Силјановска-Давкова, предложена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, политичкиот аналитичар Даниел Сервер изјави дека во вистинските демократии изборите се добиваат и се губат.

-Нека победи најдобриот. Затоа постојат избори, да се победи и да се изгуби. Не ја следев кампањата да кажам за способностите на сите кандидати, но ќе го кажам ова: Со голем ентузијазам го поддржувам Договорот од Преспа, изјави Сервер за МИА.

Според него, мноу фактори можат да влијаат на изборната трка на вториот круг закажан за 5 мај.

– Албанските гласачи се еден од факторите и нивните партии треба да ги охрабрат да излезат и да гласаат. Се надевам дека ќе го сторат тоа, изјави Сервер за МИА.

Сервер е професор на Универзитетот за напредни меѓународни студии „Џон Хопкинс“ во Вашингтон и важи за добар познавач на работите на Балканот.

Поврзани новости