Сертификат за вакцина или тест на секои 5 дена за администрацијата во Албанија

by fokus

Во Албанија од денеска на сила стапија новите дополнителни мерки за справување со пандемијата со Ковид-19. Со мерките се предвидува вработените во јавната и државната администрација, трговски центри и супермаркети да достават сертификат за примени две дози.

Ако немаат сертификат за да одат на работа тие ќе мора да прават ПЦР тест на секои пет дена.

Во земјата и понатаму трае полицискиот час од 23 до 6 часот. Останува на сила и заадолжителното носење заштитна маска во затворени објекти трговски центри, супермаркети, продавници, како и забраната за собири со не повеќе од 50 лица и исполнетост до 30 отсто од капацитетите на културни и спортски настани.

Албанските граѓани само новогодишната ноќ ја минаа без полициски час, со собири на плоштадите, фамилијарни дружби и преполни угостителски објекти, наспроти минатата година кога земјата беше под целосен карантин поради пандемијата со ковид-19.

Поврзани новости